Владата ќе ја одржи 28. седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска на 28 седница ќе ја разгледа информацијата информацијата за прогресот на активностите од проектот „Посета на компании“, кои имаат проблем во постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост и за остварените средби со физички и правни лица за проблеми од имотно-правен карактер.

Ќе се разгледува и информацијата за одобрување на работењето и водењето на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, како и информацијата по барањето на координативното тело на оштететени правни субјекти за остварување на право на надомест на штета од катастрофалните поплави во 2016 година во скопскиот и тетовскиот регион.

На седницата, на министрите на увид ќе им биде ставена информација за иницијативата во врска со работната програма на Светската трговска организација за електронска трговија, и информацијата за статусот на реализација на договорите за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи склучени со Министерството за економија.

Ќе се распарав и за информација во врска со барањето на ФЕНИ Индустри а.д. Кавадарци, за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, железно никлоносна руда на локалитетот „Ржаново“, и информација за поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – песок и чакал, на локалитетот „Дрвен Мост“ с. Шупли Камен, општина Куманово.

Владата денеска треба да се произнесе и во врска со информацијата за потпишување на меморандум за разбирање со акциски план, со кој се врши дополнување на Иницијативата за централно и југоисточно европско поврзување (CESEC) со заеднички пристап кон пазарот на електрична енергија, енергетската ефикасност и обновливиот развој, како и за информацијата за справување со високото ниво на загадување на воздухот во Република Македонија, во текот на летниот период и во текот на целата година.

На денешната седница, Владата ќе разгледа и неколку предлог-уредби од областа на образованието и здравственото осигурување.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+