Владата ќе ја одржи 27. седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која, меѓудругото, ќе разгледува повеќе годишни извештаи за работењето на јавни претпријатија и државни установи, меѓу кои и извештајот за работењето и годишната сметка на Јавното претпријатие за државни патишта за 2016 година, со Извештај на независниот ревизор.

На дневен ред на седницата, како што соопшти владината служба з информирање, ќе се најде и Предлог–одлуката за одобрување на ревидираната Годишна сметка, финансиските извештаи и Годишниот извештај за работењето на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје за период 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, како и Информацијата во врска со Предлог-одлуката за распределба на добивката на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје за 2016 година.

Владата на оваа 27 седница ќе разгледа повеќе предлог одлуки за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, заведени кај повеќе закуподавачи.

Министрите на денешната владина седница ќе ја разгледаат Предлог-уредбата за утврдување на оперативните постапки за меѓусебна комуникација, координација и постапување на субјектите во системот за управување со кризи, и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2016 година.

Владата ќе ја разгледа и Информацијата за спроведување анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции, како и информацијата за потребата од изработка на Среднорочна стратегија за општествена одговорност на Република Македонија.

Министерството за транспорт и врски на седницата на Владата ќе ја понуди на разгледување Информацијата за статусот и за потребата од обезбедување на дополнителни финансиски средства за проектот за изградба и реконструкција на железничка делница Битола – Кременица, како дел од кракот 10д на Kоридорот 10, со крак кон Индустриска зона Жабени, и Информацијата за реализација на акцискиот план за изработка на проектна документација и имплементација на Проектот интелигентен транспортен систем на патиштата заклучно со 8 јуни 2017 година.

Од канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија на министрите на увид и на усвојување ќе им биде ставена Информацијата за склучување на договор за соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост, спроведувана од страна на Свисконтакт и Владата на Република Македонија, во врска со соработка на проектот „Ангажман на сениор експерти за развој на мали и средни претпријатија во Македонија“, со Предлог-Договор за соработка.

Информација во врска со потребата од отворање нов граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Србија, помеѓу населените места село Лојане и село Миратовце, ќе достави Министерството за внатрешни работи, како и Информацијата за моделот и законската рамка за воспоставување на надворешен механизам за контрола на работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и затворската полиција.

Владата ќе ја разгледа и Информацијата со анализа за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период, како и точки од кои членовите на Владата ќе ги добијат најновите информации за користење и имплементација на фондовите од ЕУ, и за Состојби и напредок во процесот на европска интеграција, и за реализацијата на приоритетите на РМ за влез во НАТО.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски