Владата ќе ја одржи 116-та редовна седница

Од:

Со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи романскиот амбасадор во Република Македонија, Стефан Горда ќе биде отворена денешната 116-та владина седница.

На дневен ред на седницата се и повеќе точки од Програмата за работа и од интерес на граѓаните, како што е донесувањето одлука во врска со Информацијата за потребата од обезбедување финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Бугарија“, што ќе ја презентира Јавното pретпријатие Македонски Железници Инфраструктура.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, на оваа владина седница ќе ја претстави својата Програма за работа и Финансиски план за 2019 година, а на предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата ќе ја разгледа Предлог – програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за оваа година.

Членовите на Владата ќе расправаат и за Информацијата за Програмата на Економски Реформи 2019-2021 година, на Министерството за финансии.

Генералниот секретаријат на Владата на РМ ќе ја предложи на усвојување Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, а на предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на седницата на Владата ќе се најдат Предлог-годишната програма за заштита на природата за 2019 година, и Информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните