Владата ќе формира Институт за геостратешки истражувања

Од:

Владата одлучи да стартува основањето и работата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика на Министерството за надворешни работи, информира на денешната прес – конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Основна цел на Институт ќе биде развој на истражувачките капацитети и можности од поширок општествен интерес и генерирање стратешки насоки од државен интерес и нивно промовирање пред домашната и странска јавност.

„Ќе се овозможи размена на ставови, гледишта, позиции во рамки на експертско насочени дебатни форуми, кои би биле од корист во процесот на креирање политики и носење решенија во сферата на надворешната работи, изработка и објавување документи кои третираат теми и прашања од регионално, европско и глобално значење, а во кои преовладуваат позиции, согласно стратешките приоритети на Република Македонија“, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски