Владата ја усвои Програмата со стратешките приоритети во 2019 година

Од:

Владата на денешната 114-та седница ја усвои предлог-програмата за своето работење во 2019 година, која е во согласност со Програмата за работа на Владата 2017-2020 и Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма.

Како што соопшти владината прес-служба, Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2019 година на Владата: развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните; Република Македонија – членка на НАТО и Европската Унија; одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата; јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа.

Во стратешките приоритети се и: реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија; реформи во правосудството; целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и намалување на аерозагадувањето.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски