Владата ја усвои информацијата за институционализација на националните здравствени сметки во Македонија

Од:

Владата на седницата ја усвои информацијата за институционализација на националните здравствени сметки во Република Македонија.

Овој систем претставува исклучително важна алатка којашто се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството според однапред дефинирана класификација, со цел подобро да се разбере финансирање во здравствениот сектор и да се согледа неговата улога во вкупната економија на земјата.

Системот на Националните здравствени сметки го опишува текот на финансиските средства од изворите на финансирање, преку давателите на услуги па сé до финалната потрошувачка на здравствените добра и услуги, се вели во соопштението на Владата.

Министрите денеска ја усвоија Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево“, со Акциски План.

Притоа Владата и препорача на општината Гази Баба во соработка со Градот Скопје, во најкус рок да донесе детални урбанистички планови за локалитетот каде согласно Генералниот урбанистички план е предвидена пречистителната станица, со цел Градот Скопје да може да започне процедура за решавање на имотно -правните односи како и да се дефинира пристапниот пат до пречистителната станица.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски