А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата итно бара 69 директори и 25 заменици – вршителите на должност имаат 3 дена рок да се пријават

by А1он31/01/2018 - 16:22132
Share0

Владата објави јавни огласи за именување 69 директори и заменик-директори на институциите. На постојните вршители на должност им истекува мандатот. Со огласот се бараат директори и заменици на Управата за извршување санкции, Бирото за судски вештачења, Управата за водење на матичните книги, Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиско разузнавање, Управата на финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат…

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Владата за „Макфакс“ велат дека огласот за директори и заменици е итен (само 3 работни дена) бидејќи на повеќето в.д. директори им истекува мандатот. „Со цел да нема застој во работењето на институциите се појави ургенцијата за назначување“, велат од Владата. „Макфакс“ веќе објави дека вработените во Државниот комунален инспекторат 3 месеци немаат земено плата бидејќи немаше назначено вршител на должност.

На прашањето дали в.д. директорите, на кои им истекува мандатот, ќе имаат доволно време да ги соберат потребните документи за да аплицираат на огласите, од Владата велат: „Станува збор за високи позиции и очекуваме дека сите кандидати што ќе аплицираат ќе бидат свесни дека критериумите мора да бидат во целост исполнети“. Лицата што сакаат да бидат директори треба, меѓу другото, да поседуваат меѓународно признати сертификати за познавање англиски јазик не постар од пет години или сертификатот АПТИС и да имаат положено психолошки тест и тест за интегритет. Од Владата велат дека сè е во рамките на законските прописи и не постои никаква интенција во кратките рокови за објавување на огласите.

Некои од директорите на институциите на кои им се јави „Макфакс“ велат дека рокот за кој треба да поднесат документи за да конкурираат за позициите е премногу краток. Напоменуваат дека поради евентуално отсуство или поради службени патувања може да го пропуштат огласот и да аплицираат.

Следете a1on на Youtube YouTube

В. Маглешов

vlada

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео