А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата именува членови на управни и надзорни одбори

by А1он04/08/2017 - 08:36163
Share0

Владата на Република Македонија на вчерашната 19. седница ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи што се во надлежност на владата.

Добивај вести на вибер

– Комисијата за кадровски прашања во Владата, за секое лице поединечно, ја проверува содржината на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, Владата ќе ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

На седницата Владата го разгледа ивештајот за работатата на Државниот завод за статистика и усвои одлука за изменување на одлуката за утврдување на националната номенклатура на индустриски производи заради тековно усогласување со европската номенклатура.

Извештајот за работата на АД Македонски железници и транспорт, како и за други активности на ова претпријатие, се одложени поради отсуство на директорот на АД Македонски железници и транспорт.

Меѓу усвоените точки на дневниот ред е и Предлог-законот за ратификација на Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

На вчерашната седница, како што соопшти владината прес-служб, е донесена одлука со која се доделуваат стипендии на 50 странски државјани со потекло од Република Македонија, од земји во регионот за студирање на државните универзитети во Република Македонија, а исто така Владата на Република Македонија донесе одлука и за бесплатни курсеви по странски јазици за деца од семејства во социјален ризик.

– Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која претседаваше со вечерашната владина седница во нејзината завршница детално ги информираше членовите на владата за текот на Самитот на земјите на Јадранската повелба за кој рече дека е многу значаен, од причини што се отвора реална шанса за сериозно позиционирање на земјата во поддршката што ја добива за остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО, соопшти Службата за информирање во Владата.

На седница што се одржа доцна синоќа присуствувал и заменик директорот на Дирекцијата за спасување и заштита Шабан Салиу, кој ги информирал министрите за стостојбата со пожарите во областа на Македонски Брод и на други локации низ земјата.

– Во тој контекст Владата на Република Македонија изрази огромна благодарност до Република Бугарија, како и до Република Турција за испратената помош во справување со пожарите. Беше истакнато дека институциите се на терен сè до конечно гасење и локализирање на пожарите, а беа преземени и обврски да се истражат причините за појава на зачестените пожари на повеќе локации низ земјата, соопштуваат од Владата.

vlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен