Владата и по најавените протести смета дека мерките не се погрешни, на граѓаните и фирмите ќе им се надоместат штетите

Од:

Угостителите и граѓаните се жалат дека новите мерки им нанесуваат големи финансиски штети. Многумина кои со месеци ја правеле организацијата, потрошиле стотици евра, оставиле капар во ресторани и кај кетеринг оператори, сега мора ги откажуваат прославите поради новите мерки. За фирмите е се поизвесно дека ќе следува пакет економски мерки за нивна поддршка, а истото се планира и за граѓаните. На прашање зошто не се дозволува на прослави да влегуваат и граѓани кои ќе приложат негативен ПЦР-тест, од Владата велат дека целта им е да се стимулира вакцинирањето.

„Владата за надоместокот и штетите како кај угостителите така и за граѓаните ќе разговара и ќе донесе одлука во најбрзо време. Очекуваме разбирање од страна на сите граѓани бидејќи мерките се нужни и се во интерес на заштита на јавното здравје. Во однос на третото прашање вакцинацијата е најсигурна заштита од вирусот и со оваа мерка се обезбедува најбезбеден протокол за посета на угостителски објекти. Овој бран на корона вирусот очигледно ќе биде силен и должност на Владата е да обезбеди максимална заштита но и да ја стимулира вакцинацијата како единствено и силно оружје за борба со пандемијата“, велат од Владата за „А1он“.

Во однос на протестите против новите мерки кои се најавени за во недела, од Владата сметаат дека граѓаните имаат право на тоа, но мерките не се погрешни.

„Во однос на четвртото прашање мерките се спроведуваат во повеќе од 10 земји во ЕУ и секој ден нови земји се приклучуваат бидејќи истите функционираат, го штитат јавноста здравје и ја стимулираат вакцинацијата. Мерките не се погрешни, правото на протест е загарантирано со Устав, но исто така должност на Владата и институциите е да го штитат јавното здравје и овие мерки се ефикасни во таа насока“, додаваат оттаму.

Владата тврди дека мерките се предложени од Комисијата за заразни болсти.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски