Владата го усвои предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам

Од:

На вчерашната 10. седница Владата го усвои текстот на предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Според образложението на Министерството за финансии, причините за донесување на Законот произлегуваат од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно одредбите од Директива 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање тероризам од 2018 година.

Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање тероризам (Financial Action Task Force, FATF), но новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам усвоена во 2020 година, појаснија од Владата.

На седницата е усвоен Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на нашата земја во програмата на Унијата „Фискалис“ за периодот 2021-2027 година и е прифатен текстот на договорот.

Со учеството во „Фискалис“ програмата на ЕУ Владата на Северна Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА.

„Во одлуката за прием на Република Северна Македонија во полноправно членство во ИХРА се истакнува високо признание на политиките на Владата и остварените резултати на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и во борбата против антисемитизмот, негирањето и искривеното толкување на холокаустот“, се истакнува во владиното соопштение.

Полноправното членство ќе овозможи нашата земја рамноправно да учествува во процесот на донесување одлуки, како и во сите други активности на ИХРА, но едновремено значи и поголема одговорност и засилен ангажман во однос на темите со коишто се занимава ИХРА.

Една од темите коишто добиваат сè поголема важност во работата на ИХРА е и геноцидот и дискриминацијата на Ромите, а за што ИХРА ја има усвоено правната работна дефиниција против дискриминацијата на Ромите која со пристапувањето во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, ја прифати и нашата земја.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада