Владата ги задолжи органите на управата со 24-часовно дежурство поради невремето

Од:

Владата на Република Македонија ги задолжи сите органи на државната управа со посебна мерка за 24-часовно дежурство во наредните два дена по повод обилните врнежи од дожд кои денеска зафатија определени региони во земјата, и проценките на Управата за хидрометеоролошки работи дека се очекува нестабилно време проследено со дожд и во текот на следните денови.

Како што се наведува во соопштението од Владата, мерката се однесува на министерства, органите во состав на министерствата, јавни претпријатија, агенции, фондови, бироа, заводи, управи, акционерски друштва во државна сопственост итн), а им се препорача и на сите останати државни институции, каде што нема 24-часовно присуство на вработени лица од институцијата, во наредните 48 часа да определат по најмалку едно лице вработено во институцијата, кое ќе биде присутно во институцијата и ќе ја следи состојбата во овој период, со цел по потреба да алармира за состојбата во истата заради евентуалното влијание на дождовите.

– Владата на Република Македонија беше информирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи дека нивните екипи се во постојана мобилност и се подготвени да интервенираат, и дека веќе екипи од двете институции вршат теренски работи и преземаат соодветни мерки за справување со последиците од обилните дождови и превенција од настанување на дополнителни негативни влијанија предизвикани од дождовите, се вели во соопштението.

Владата, воедно, им препорачува на сите единици на локалната самоуправа да ги задолжат сопствените општински јавни комунални претпријатија и противпожарните единици да организираат екипи за дежурство во наредните 72 часа во функција на нивна подготвеност за интервенции.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје