Владата ги усвои новите мерки, препорача граѓаните да не се групираат за прослави

Од:

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид и хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите.

На седницата, беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, по 21:00 часот да не се движат на јавен простор, доколку немаат важни и неопходни потреби.

Владата донесе и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.

Министрите во Владата денеска го прифатија предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадниците на Армијата на Северна Македонија во обезбедувањето на болниците како дополнителна испомош на припадниците на МВР и во координација со ова Министерство, за што беше донесен заклучок за ова да се побара согласност од Претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on