Владата ги достави нацрт-амандманите на Уставот до Собранието

Од:

Седумте нацрт – амандмани на Уставот, Владата во петокот ги испратила до Собранието на Република Македонија, а тие денеска ќе им бидат доставени на пратениците.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како што информираше денеска, седница на Комисијата за уставни прашања ќе закаже за 25 август, а два дена подоцна и седница на која со 62 гласа треба да бидат изгласани. Нацрт – амандамните што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дисксуијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.
Со нацрт – амандман се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница.

Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата. Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор.

Ќе се менува името на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија со еден од амандманот.

Во однос на Државниот завод за ревизија, со нацрт-амандманот се предлага тој да биде независен државен орган, а оти неговиот прв човек го избира Собранието.

Петтиот нацрт-амандман се однесува на формирање на финсиска зона, а со шестиот Владата ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП.
Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Вељаноски на средба со новинарите информираше дека очекува да бидат организирани најмалку пет дискусии за нацрт-амандманите, за што зборувал и со министерот за правда Аднан Јашари.

Се надева и посакува опозицијата до септември да се врати во Собранието и да учествува во носењето на уставните амандамани, но и на ребалансот на Буџетот и на други закони и одлуки. Вељаноски нагласува дека триесетдневниот период на јавна дискусија ќе биде можост сите засегнати страни да се вклучат со свои предлози.

Комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на Буџетот на Република Македонија ќе расправа на седница закажана за 25 август, по што предлозите заедно со предлог-ребалансот ќе бидат вратени во Владата. Оттаму, пак, со вградените забелешки повторно ќе биде доставен до Собранието, кое се очекува да го усвои во средината на септември.

Седницата за оставките на пратениците од опозицијата Вељаноски би ја закажал по доставувањето на Извештајот за напредокот на земјата, доколку тие не се вратат во Собранието. Очекува повторно да добиеме позитивен Извештај, но со одредени забелешки.

Според Вељаноски, опозицијата треба комплетно да се врати во Собранието и СДСМ како политичка партија да испрати порака до јавноста.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов