А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Со неприфаќањето на Уредбата на ВМРО-ДПМНЕ за ограничување на придонесите кон вториот столб ја штитиме личната сопственост на 500 илјади осигуреници

by А1он15/04/2020 - 11:0015/04/2020 - 11:02189
Share0

Уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување што на денешната седница ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е на штета на осигурениците и од тие причини Владата не ја прифаќа.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Со Уредбата е предвидено од април до крајот на 2020 година да не се врши уплата на задолжителниот дел од придонесот за пензиско осигурување на осигурениците во приватните пензиски фондови, а истиот да се компензира на сметките на осигурениците во период од три фискални години, започнувајќи од 2022 година. Како Влада што е одговорна кон секој поединец во државата сметаме дека е неодговорно да се манипулира со средствата на граѓаните, стои во соопштението од владината прес-служба.

За неприфаќањето на уредбата ги наведуваат аргументите дека средствата за пензиски придонес се сопственост на постојните осигуреници – идни пензионери, и со оваа уредба предложена од ВМРО-ДПМНЕ директно би се засегнала личната сопственост на околу 500 илјади осигуреници, исплатата на платите за месец март во април, е веќе во фаза на реализација, а со тоа и преносот на средства на оние осигуреници кои земале плата е реализиран на нивните сопствени сметки во приватните фондови, потоа не е прикажана финансиска проекција со која би се презентирал очекуваниот фискален ефект од оваа Уредба врз ликвидноста на Буџетот на Фондот за пензиско осигурување, особено во услови кога се очекува намалена наплата на придонес за пензиско осигурување, како и тоа дека средствата на осигурениците во приватните пензиски фондови во најголема мера се пласирани во државни хартии од вредност со кои се финансира дефицитот на Буџетот на Република Северна Македонија, а со тоа индиректно е обезбедено и финансирање на дефицитот на Фондот за ПИОМ.

Со оваа уредба на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, времено се дерогира целокупниот пензиски систем, кој и онака е предмет на континуирани реформи во изминатите неколку години со цел целосно расчистување на сите права и обврски како на осигурениците така и на корисниците на пензии.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во своето неодговорно владеење направи целосен колапс на пензискиот систем, што сегашната Влада со одговорни реформи го стабилизираше. Успеавме да го намалиме дефицитот за 3,7 милијарди денари, а истовремено да ги зголемиме пензиите, наведуваат од Владата и потсетуваат дека се обезбедени 19 милиони евра со кои се уплатиени придонесите на 12.000 осигуреници во вториот столб. На овие осигуреници неколку години, како што стои во соопштението, им биле префрлани 0 придонеси од ПИОМ кон приватните друштва како резултат на штетните и неодговорни политики на претходната Влада.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео