Владата донесе одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија

Од:

Владата на денешната 202 седница донесе одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на земјава во овој фонд.

Според одлуката што е донесена на предлог на Министерството за транспорт и врски, како што информираат од владината прес-служба, ќе продолжиме да учествуваме во Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија, за обезбедување на средства за трошоци за одржливо функционирање на нивните даватели на услуги на навигација за 2024 година согласно PC/23/60/2 на EUROCONTROL.

Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е воспоставен согласно Директивата на Постојаната комисија на EUROCONTROL бр. 22/111 од 24 ноември 2022 година, за чие формирање Владата има дадено согласност, со Одлуката за давање согласност за доделување на нова задача на EUROCONTROL за формирање на доброволни солидарни фондови за поддршка на една или повеќе земји членки во кризни ситуации во воздушниот сообраќај, како и формирање на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на EUROCONTROL и за учество на Република Северна Македонија во овие фондови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски