А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата денеска ќе ја одржи својата 60-та, редовна седница

by А1он20/03/2018 - 11:5868
Share0

На дневниот ред на 60-тата редовна седница на владата, која ќе започне денеска во 15:00 часот, по завршување на 59-та тематска седница посветена на младинските политики, меѓу другото, ќе се најде и информацијата за можноста за изменување на Законот за катастар на недвижности во насока на подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности, вклучувајќи го и механизмот за отстранување на грешки од страна на Агенција за катастар на недвижности, и за намалување на процентот на незапишани права во катастарот на недвижности.

Следете a1on на Instagram Instagram

На денешната владина седница ќе биде разгледана и информација за рокот на реализација и проблемите при реализација на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата.

На предлог на Министерството за внатрешни работи, на 60-тата седница на Владата на РМ ќе се расправа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето.

На оваа 60-та редовна седница на Владата на РМ, на дневен ред ќе се најде и информација за имплементацијата на Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2016-2020 година, како и информацијата за воведување на професионална рехабилитација на лица со попреченост.

Следете a1on на Youtube YouTube
vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео