Владата без ЗНМ „стокми“ закон за клевета

Од:

Министерот за правда, Блерим Беџети се пофали, Македонија исполни уште еден дел од обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

Со измените на Изборниот законик се решаваат некои од препораките содржани во Конечниот извештај, со посебен акцент на приоритетните препораки како одвојувањето на државата од политичките партии, финансирањето на изборната кампања, медиуми и набљудување на изборите, објавување на изборните резултати.Предложените измени на Законот за финансирање на политичките партии, се со цел на имплементацијата на препораките дадени во последниот извештај на Советот на Европа- (ГРЕКО) во делот – „Транспарентност на финансирање на политичките партии“.

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, според Беџети, треба да ја гарантираат слободата на изразување и информирање како една одбитните основи на демократското општество. Со нивното донесување, рече, целосно ќе бидат декриминализирани навредата и клеветата.

27 илјади евра е највисоката казна што може да ја изрече судот за клевета или навреда. Максимални 7,5 отсто од сумата која ќе ја определи судот доколку јавно клеветел ја плаќа новинарот, до 37 отсто од сумата плаќа уредникот- остатокот од 55,5 отсто ќе оди на сметка на медиумот.

Ова е последната верзија, која во собраниска процедура влегува без усогласеност со Здружението на новинари. Ништо од претходното уверување за заедничко усогласување. И тогаш, наменски, во последен момент и со заедничко сликање, се кажа дека конечно Владата и ЗНМ постигнале договор. И сега Законот се обелодени на ден пред доаѓањето на еврокомесарот Филе.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми