А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата бара кандидат за амбасадор во Бразил

by А1он27/06/2014 - 13:46198
Share0

Владата на Република Македонија денеска го дополни огласот за ангажирање лица на раководни позици во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори објаен на 14 јуни со уште една позиција, а тоа е амбасадор на Република Македонија во Бразил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека за оваа позиција кандидатите ќе може да аплицираат до 14 јули 2014 година, а за сите останати позиции кои се содржани во огласот остануваат рокот до 30 јуни 2014 година.

Тој ги повика сите кандидати кои ги исполнуваат условите од огласто и кои поседуваат квалитет и способност да аплицираат за амбадор на Република Македонија во Бразил.

На огласот за сите позиции, како што информираше, досега се пријавени 942 кандидати. – Ова е добра бројка и Владата е задоволна, рече Ѓорѓиев и додаде дека првичните проценки од поднесената документација покажува дека станува збор за лица кои поседуваат високи квалитети и способности.

Следете a1on на Youtube YouTube

Крајниот рок за пријавување на овој оглас е 30 јуни, а Ѓорѓиев ги повика сите квалитетни кадри да се пријават.

Огласот се однесува на ангажирање 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори. Сто педесет и девет се за раководни позиции во државната управа, меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Покрај ова распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори во државни агенции, јавни претпријатија, клиники и тн.

Огласот се однесува за позиции кои веќе се испразнети и за места чиј мандат на сегашните раководни лица истекува во текот на годинава или на следните две години.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео