Владата апелира невработените да аплицираат за самовработување

Од:

Владата ги повикува невработените граѓани да се пријават за проектот за самовработување

„Во однос на проектите за самовработување на 450 лица за оваа година, досега преку првиот оглас се вработени 112 лица а за вториот оглас се имаат пријавено 128 лица чии апликации се разгледуваат и ќе биде одлучено во текот на месецот. Третиот оглас ќе биде распишан на први септември. За мовработувањето на 550 лица за оваа година на 10.07, во вторник, ќе биде распишан оглас за пријавување кој ќе трае 20 дена, и апелираме заинтересираните лица да ја искористат оваа можност“, вели владиниот гласноговорник Александар Ѓоргиев.

Во тек е и јавниот повик за 1.000 нови вработувања преку обука за познат работодавач што ќе трае до 17-ти месецов, како и јавниот повик за ангажан на 4.000 лица за вршење на јавни работи до 20-ти јуни.

 

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција