Владанка Авировиќ ќе гласа „за“ измени на Уставот

Од:

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ ќе гласа за уставни измени, со цел, да се даде шанса на процесот за членство во ЕУ и НАТО, дознава „А1он“ од извори блиски на пратеничката.

Таа нема да се откаже од правото на дискусија во Собранието, како што тоа го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува во текот на денот, таа да го образложи својот став.

Синот на пратеничката, Василие Авировиќ беше осуден во случајот на СЈО под кодно име „Труст“.

Тој има за одлежување казна затвор од три години, бидејќи како управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ направил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

Орце Костов

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат притисоци да гласаат за Уставот, СДСМ нема 80 пратеници

Орце Костов

Ковачевски е оптимист дека во следните 30 дена ќе обезбеди 80 пратеници да гласаат за промена на Уставот

Орце Костов