Влада: Во снимениот разговор не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка

Од:

По објавувањето на аудио снимката, за наводно договарање на сомнителен тендер вреден 7 милиони евра од страна на Драги Рашковски, со реакција се јавија од Владата.

„Во врска со објавениот аудио запис снимен од официјален состанок на владини претставници и претставници на компаниjата Леонардо од Италија Владата на Република Северна Македонија известува:

Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Целата процедура е во согласност со правилата за набавка на ЕБОР и евалуацијата е направена од независни евалуатори. Согласно правилата на ЕБОР, по завршување на евалуацијата, МНАВ е должна да испрати Letter of award (Писмена потврда за избор на најповолен понудувач) која скоро две години претставникот на МНАВ не сакал да ја потпише.

Неколку веб портали се обидуваат на погрешен начин да претстават дека терминот „Letter of award“ значел награда, а значењето на тој термин во професионалната комуникација претставува писмо за известување, и ништо поразлично. 

Владата на Република Северна Македонија согласно законските прописи е должна да се грижи за безбедноста на воздушниот простор и затоа е побарано да се одржи состанок со претставниците на италијанската компанија, со цел да се констатира дека долг период не се постапувал согласно процедурите и дека со тоа се загрозувала безбедноста на граѓаните во рамки на воздушниот сообраќај. 

Во снимениот разговор кој не е објавен во целост со цел да се манипулира јавноста, во ниту еден момент не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо.

Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека набавката на АТМ системот требало да се реализира пред април 2018 година (шест месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор), а од изменетиот акциски план се гледа дека до одржување на состанокот тоа не е завршено.

Целиот материјал ќе биде предаден на Јавното обвинителство со цел презентација на факти, разобличување на изнесените дезинформации, но и констатирање на одговорност за лицата кои сакале да ја нарушат безбедноста на граѓаните.“, се наведува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго