Влада: Усвоен пакетот социјални програми за нивно непречено остварување од 1 јануари

Од:

Владата на Република Македонија на својата редовна 113-та седница ја усвои Програмата за остварување на социјалната заштита за 2019, како и одредбата Програмата да отпочне да се применува од 1 јануари 2019 година.

На оваа седница Владата ја донесе и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица, за 2019 година.

Во пакетот социјални програми на Министерството за труд и социјална политика, Владата вечерва ги усвои и Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година; Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, како и Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година.

Овие програми се усвоени на оваа седница бидејќи на нив им претходеше неопходното усвојување на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, за да можат да се реализираат веднаш со првиот ден од новата година.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите