Влада: Се укинуваат казнените одредби за регулација на професијата по предлог на Здружението на новинари на Македонија

Од:

На јавната дискусија за измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација , претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани, ги претстави своите предлози во врска со предложените глоби за член 61 од Законот за АВМУ.

Во текот на дискусијата и министерот Дамјан Манчевски и министерот Роберт Поповски, јасно истакнаа дека забелешките на претседателот на ЗНМ се прифаќаат и дека измените во членот 61 од Законот ќе се укинат.

На овој начин двајцата министри јавно го потврдија ставот дека владата не е и нема да биде мотор на реформите во медиумите, туку само ќе помага со заеднички усвоените механизми. Последната верзија од Законот за АВМУ која ќе влезе во собраниска процедура, ќе биде добиена како резултат на препораките и забелешките на сите засегнати страни.

Одлуката за бришење на измените во членот 61, во текот на вчерашната јавна дебата беше поздравена и од претседателот Селмани, кој јавно потенцираше дека е задоволен што е прифатена неговата забелешка.

– Владата како и до сега останува отворена и за предлозите и коментарите од ЗНМ, како и за коментарите на сите засегнати страни. Доколку медиумските работници одлучат дека не се потребни измени за Законот за АВМУ, Владата нема да инсистира на измени, соопштија од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски