Влада работи врз реформите на безбедносниот систем, УБК и Законот за следење на комуникациите

Од:

Владата на Република веќе работи на реформите на безбедносниот систем, вклучувајки ја и УБК и на Законот за следење на комуникациите.

Ова го соопшти владината прес-служба поради нагласен интерес на јавноста во врска со одлуката на Владата на Република Македонија, на Уставниот суд, на негово барање да му достави мислење за прекинување на постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите,

Во соопштението се посочува дека предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени.

– Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9 и тоа во овој, тековен временски интервал од планот. Во подготовката на овие промени, Владата на РМ се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите, се наведува во соопштението.

Затоа Владата, стои во соопштението, на 31 седница на 10 октомври донесе мислење Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, зашто оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка.

Инаку, ова мислење на Владата на РМ е донесено врз основа на барањето на Уставниот суд, владата да даде мислење за оваа иницијатива, и е редовна практика во комуникацијата меѓу Владата на РМ и Уставниот суд на Република Македонија, информираат од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски