Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

Од:

Од Владата оценуваат дека оставката на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е единствената можна и исправна одлука по огромните забелешки за нејзината работа.

– Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира, стои во одговорот од Владата.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамевска, денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата поради, како што рече, немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта.

По ова Судскиот совет во 14 часот одржа итна седница на која ја костатираше оставката на Дамева, но точката за избор на нов претседател беше тргната од дневен ред.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски