Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години

Од:

„После јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и економија, Владата на Република Северна Македонија ја известува јавноста за фактите поврзани со објавените податоци.

Се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на министерствата за финансии и економија. Дел од е-маил адресите не се во функција повеќе години бидејќи нивните корисници не работат веќе во министерствата, а лозинките на сите објавени е-маил адреси се стари и се променети пред повеќе од 7 години и во тие сандачиња не може да се пристапи преку објавените лозинки“, соопштуваат од Владата на РСМ.

„И во двете министерства, од тогаш се обновени системите за службена електронска пошта и се поставени протоколи со сложени шифри за службените е-маил адреси, како и други протоколи за сајбер безбедност на системите со кои се намалува ризикот и веројатноста системот да биде компромитиран.

Во моментов немаме докази дека системите за електронска пошта на министерствата се хакирани во скоро време, ги испитуваме сите детали поврзани со овој случај.

Владата на РСМ константно работи на обнова и зајакнување на ИТ системите во институциите и ја изработи првата Национална стратегија и акциски план за сајбер безбедност“, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните