Влада: Новите толкувања во речникот се од експертите на ИМЈ, ние само го одржуваме системот

Од:

Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст, велат од Владата во врска со новопретставената дигитална верзија на Толковниот речник, која содржеше спорни толкувања на некои навредливи зборови.

Во вчерашниот владин одговор на реакциите во јавноста по повод спорните зборови и толкувања, владата напиша:

„Претставници на Владата на Северна Македонија и на Министерството за образование и наука веднаш стапија во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени“, дел од соопштението кој власта ја стави на мета на критики дека ја промовира цензурата.

Во денешното соопштение, Владата тврди дека не учествувала во одлучувањето за тоа дали некои зборови ќе се бришат од речникот, и потенцира дека сите одлуки во врска со зборовите и нивните толкувања, се одговорност на научниците од Институтот за македонски јазик.

Еве го во целост денешното владино соопштение:

„Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик“

„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.

Владата на Република Северна Македонија, во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он