Влада: Нови можности за соработка во културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Во Владата денеска се одржа вториот состанок на четвртата Работна група за продлабочување на билатералната соработка меѓу владите на Северна Македонија и на Бугарија во делот на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

Во изјавата за медиумите по завршувањето на состанокот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е член на Работната група, истакна дека средбата поминала во конструктивна и пријателска атмосфера во чии рамки беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти.

„Заеднички беше заклучокот дека досега, во културата, се реализирани повеќе проекти и инцијативи што ја унапредија меѓуинституционалната соработка, а се реализирани и многубројни гостувања на македонски и на бугарски уметници на значајни манифестации во двете држави. Се согласивме дека оваа соработка треба да продолжи, но и да се интензивира, за што ќе придонесе и потпишувањето на новата Програма за соработка меѓу двете министерства за периодот 2022 – 2025 година. Ресорните министерства веќе работат на нејзиното изготвување“, рече министерката за култура.

Предложена е и организација на заеднички работилници за вработените во двете министерства за култура и за други корисници на средства од програми што се во функција на развој на креативните индустрии во двете држави, со партиципација на европски експерти од областа. Министерката за култура додаде дека во насока на зацврстување на административниот капацитет во перспективата на примена на европските нормативни документи во областа на културата очекува помош од Бугарија, како земја членка на Европската Унија.

Од Владата на Република Бугарија, изјава имаше министерот за образование и наука, Николај Денков. Тој се осврна на можностите за соработка во програмата Еразмус, за одржување заеднички состанок на ректорите од универзитетите од двете земји, олеснување на признавањето на дипломите од универзитетите на двете земји, и рече дека вториот состанок на Работната група беше искористен за прецизирање на динамиката на спроведување на планираните активности во сите сфери за кои оваа група е задолжена.

На денешната средба, на која учествуваа и министрите за образование и наука на двете земји, Јетон Шаќири и Николај Денков; министерот за спорт Радостин Василев; заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко; заменик-министерот за туризам Ирена Георгиева; директорот на АСМ Наумче Мојсоски; и директорот за промоција на туризмот Љупчо Јаневски, меѓу другото, се разговараше за соработка и во туризмот, младите и спортот.

За поттикнување на соработката во делот на туризмот, особено по отворањето на авионската линија Софија – Скопје и обратно, веќе се преземаат активности за потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за туризам на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Северна Македонија, процес во кој голема улога има и нашата Агенцијата за промоција на туризмот. Унапредување на соработката преку изготвување и потпишување документ за соработка предвидуваат и учесниците од секторот за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов