Влада: Насловот е наведувачки, потрошивме двојно помалку од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владата испрати како што велат „демант“ за насловот на А1он за текст кој се однесува на тоа кои министри најмногу потрошиле за јадење и пиење во изминативе шест месеци.

Во демантот од Владата наведуваат дека насловот бил неточен и непрецизен, зошто потрошиле двојно помалку од владата на Никола Груевски во 2014 година, која според СДСМ беше екстремно корумпирана и забегана.

Следува интегралниот текст од Владата.

„Насловот на текстот на порталот А1он „Министрите на Заев исто како и претходните – огромни сметки за јадење и пиење по рестораните“ објавен 25.03.2018 е целосно неточен и наведувачки.

Владата на Република Македонија во првите 6 месеци од постоењето има потрошено речиси два и пол пати помалку државни пари, во однос на функционерите на претходната влада, по преземањето на нивните функции во 2014 година.

Владата во првите 6 месеци од своето работење има потрошено потрошиле за службени трошоци 21.890.462 денари, додека владата на Груевски во првите 6 месеци од 2014 година, по формирањето, потрошила двојно повеќе, односно 44.909.835 денари.

Дополнително за истиот период, Никола Груевски како премиер потрошил 5.183.102 ден или двојноповеќе од тоа што потрошил премиерот Заев, во првите 6 месеци, односно 2.918.531 денар.

Разликата во двојно поголемо трошење е видлива и низ бројките од Угостителски услуги во земјата во надворешни објекти – поранешната влада има 2.858.244 наспроти актуелната 1.008.157 милиони денати. Исто голема е разликата и за Угостителски услуги во странство владата на Груевски има потрошено 733.552 илјади денари, наспроти 345.989 сегашната влада.

Сите овие наведените бројки укажуваат на фактот дека разликата во тоа колку трошела поранешната наспроти актуелната влада се над 50% проценти, поради оваа причина сметаме дека изведениот наслов во вашиот текст е целосно невистинит и претставува искривување на фактите.

Владата на Република Македонија покажува пример за отчетно работење посветено на потребите на граѓаните. Додека во минатото граѓаните прашуваа на што се трошат нивните пари, а власта молчеше, денес, институциите самостојно објавуваат за какви цели се користат буџетските средства“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари