Влада: Најостро ги демантираме манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ за големата инвестиција на компанијата ДУРА

Од:

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира „манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА“.

„ДУРА е веќе оперативна во нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да ги поддржи инвестициите кои вработуваат дури до 1000 наши граѓани.

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА.

Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени.

За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА.

Владата апелира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи економските политики кои вработуваат македонски граѓани и да не штети на имиџот на инвеститорите преку ширење дезинформации“, се вели во соопштението на Владата.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски