Влада на РМ: Тендерот за набавка на 45 возила беше отворен месец и половина, спецификациите беа исти како и претходно

Од:

Потребата од набавка на нови возила (преку оперативен лизинг или деловен закуп) произлегува од фактот што во септември 2018-та истекува 3-годишниот договор за изнајмување моторни возила по пат на оперативен лизинг којшто бил склучен на 09.09.2015 година, велат од Владата на Република Македонија.

„Преку оперативниот лизинг и преку условите на оваа набавка, се намалува висината на месечните рати, се избегнуваат дополнителни трошоци за одржување и се обезбедува сериозна заштеда во буџетот. Имено, сега месечната рата за едно возило е помала за 1200 денари или вкупна заштеда од над 700 евра по возило, во споредба со набавките на возила во 2015 и 2012 година, кога за еден автомобил државата месечно плаќала по 68.738 денари.

Дополнително, со оваа набавка се избегнува каков било дополнителен трошок во врска со одржувањето на возилата. Со месечната рата за лизингот се покриени сите трошоци и државата нема да потроши ниту еден дополнителен денар за зелени картони, за каско осигурување, за издавање полномошно, за промена на гуми и за редовен сервис, трошоци кои се неизбежни за секое возило“ велат од владата.

Тие потенцираат дека постапката за јавна набавка за 45 возила се одвивала јавно.

„Тендерот, на којшто имаа право да се пријават сите заинтересирани автомобилски компании, беше отворен месец и половина. Исто така, по завршување на рокот, фирмите имаа можност во период од 5 дена да поднесуваат приговори и забелешки за целокупната постапка. Дополнително, истакнуваме дека спецификацијата за возилата којашто беше наведена во тендерот е идентична со спецификацијата во претходните две вакви јавни набавки, во 2015-тата и во 2012-тата година“ се вели во соопштението од Владата.

Од владата велат дека не станува збор за луксузирање, туку за исполнување на минимум безбедносни стандарди кои што треба да ги има секое возило и кои биле обезбедувани и во претходните години.

„Разликата во цената е дотолку поголема, имајќи предвид дека сега се набавуваат возила понови за 3 односно за 6 години, а истите имаат и дополнителна опрема. Инаку, право на користење на патничко моторно возило меѓу другите имаат и Претседателот на Р.М., Претседателот на Собранието на Р.М., Претседателот на Владата на Р.М., поранешниот Претседател на Владата на Р.М., поранешниот Претседател на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на Претседателот на Владата на Р.М. и министрите во Владата на Р.М. Дел од возилата ќе се користат и за превоз за протоколарни и репрезентативни потреби, како и за извршување на службени работи за министерствата, секретаријатите и другите органи на државна управа“ велат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски