Влада на РМ: Исходот од спорот за името ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни

Од:

„Владата на Република Македонија е посветена на решавање на спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба.

По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски