Влада: Ќе важат старите дозволи за движење на работниците до работа и при промена на времето на полицискиот час

Од:
Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи.
Владата на Република Северна Македонија на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот заради нивно усогласување со Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20).
Овие дозволи ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата.  Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. При тоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот. Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола. Дозволата за движење  важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.
Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата