Влада: Џезаир Шаќири е времено ангажиран како соработник за внатрешна безбедност и борба против радикализмот

Од:

Владата утртово го потврди ангажманот на Џезаир Шаќири, како надворешен соработник во Владата.

„Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија“, соопшти Владата.

Прес-службата додаде дека Џезаир Шаќири, има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Командат Џезаир Шаќири Хоџа во конфликтот од 2001 година беше еден од командантите на ОНА. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски