Влада: 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за ДЗС за справување со пожарите

Од:

Владата на денешната 96-та седница, одржана преку видеоконференциска врска, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе Одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила.

-Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија и справување со непредвидливите последици Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15 000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола