ВИДЕО: 18 години затвор за Чавков, вкупно 211 години за „27 април“

Од:

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „крвавиот четврток“.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувњето на Собранието, е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

Судијката Добрила Кацарска при објавата на пресудата рече дека настаните на 27 април не смееле да се случат. „Не смееше да се случи крвавиот четврток“, рече Кацарска при објавата.

„Сликите од тепањето ќе останат запаметени во сеќавањето“, рече таа.

Кацарска рече дека имало срамно однесуваее на полициски службеници кои наместо да ги спречат насилниците, биле неми набљудувачи и се шетале низ Собранието. Судијката рече дека на снимките јасно се гледа кој ширум ги отворил вратите да влезе толпата во Собранието. Судијката ги цитираше поединечно дејствијата на обвинетите и рече дека биле сослушани доста сведоци, биле презентирани снимки и записи од кои се виделе дејствијата на обвинетите.

„За жал на 27 април, полицијата не постапи во согласност со надлежностите”, рече Кацарска. “Сликите од раскрвавените глави ќе останат вмрежани во сеќавањето на граѓаните, а датумот испишан со црни букви во македонската историја”, објави судијката Кацарска.

„Зарем татковината се сака со тепање пратеници? Тоа не е патриотизам”, рече Кацарска при објавата на пресудата.

За кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста затворската казна е минимум 10 години. По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

За обвинетиот Сашо Марковски постапката се води раздвоено поради нарушената здравствена состојба. Чавков беше донесен од затворот „Скопје“ бидејќи кривичниот совет му определи 30-дневен притвор на барање на Обвинителството поради опасност од бегство.

Првото рочиште за крвавиот четврток почна на 22 август минатата година, а судијката Добрила Кацарска закажуваше интензивни рочишта, кои траеја и до доцна во ноќта, на кои беа испитани 40-ина сведоци и изведени голем број материјални докази.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески