Витез на Националниот ред за заслуги на Франција за Анета Арнаудовска

Од:

Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. господинот Кристиан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, ќе ја одликува во понеделник 22 мај 2017 година госпоѓа Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги.

Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, госпоѓата Арнаудовска постојано се залагаше во последните десет години за развој на соработката помеѓу Франција и Македонија во областа на обуката на судиите и јавните обвинители, како клучна за зајакнување на владеењето на правото преку примена на европски стандарди од доменот на кривичното, на граѓанското право и на индивидуалните слободи. Со својата компетентност и непристрасност, госпоѓа Арнаудовска, поддржувајќи ја обуката на судиите и јавните обвинители преку постојана соработка со Националната школа за судии и јавни обвинители на Бордо, даде свој придонес за развојот на односите со Франција, како и за иднината на европската интеграција на земјата.

Орденот за Национални заслуги на Франција, воспоставен во 1963 година од страна на генералот Де Гол, е едно од најпрестижните француски одликувања. Со него се наградуваат воени или цивилни лица, Французи или странци, коишто имаат особени заслуги за Република Франција. Одликувањето се доделува со указ на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он

Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани