Висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј, од утре ќе претстојува во тридневна официјална посета на АРМ.
За време на посетата, генералот Креј ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а планирано е да ги посети Воено-мецинскиот центар, Школата за обука на пилоти и воздухопловната бригада на АРМ.
Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НГ на Вермонт, целта на посетата на АРМ е и размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, како и и учеството на АРМ во новата мисија на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.
НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии.