Виртуелна прошетка низ Скопје 2014 за едно евро

Од:

Наскоро на туристите ќе им биде овозможено да го шетаат Скопје 2014 на Интернет доколку платат едно евро.

Тие ќе може да влезат во сите музеи, хотели, цркви, џамии, ресторани, клубови, галерии и други туристички објекти. Покрај визуелната слика тие ќе може да прочитаат дел од нивната историја, пишува во денешното издание на “Вест“.

Културните објекти ќе ги придружува аудијален водич, а пред секој објект ќе има каса на која туристот ќе треба да плати од едно до пет евра, во зависност од големината на објекотот кој сака да го посети.

Ваквата можност се нуди со проектот Скопје 3Д изработен од фирмата “4д феникс визија”. Културното и природното богатство на Скопје и неговата околина ќе биде достапно на повеќе јазици на веб страната www.skopje-3d.mk. Таа е веќе достапна на македонски јазик и е бесплатна за сите.

“Идејата не е да не доаѓаат туристи во Скопје, туку да видат за што треба да го посетат градот. Проектот е направен и за луѓе кои живеат тука, а не се доволно запознаени и информирани за историјата на градот и неговата околина. Сега ги промовираме само објектите во централното градско подрачје, а планираме во иднина да ги презентираме сите делови од Скопје каде има локалитети кои вредат да се посетат”, вели Васил Петровски, директор на “4д феникс визија”.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен