А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

by А1он01/03/2021 - 16:2301/03/2021 - 18:161868
Share0

Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското обвинителство изјавена против решение на судија за извршување на кривични санкции донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор.

Добивај вести на вибер

Имено, обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна. Казната затвор во траење од 4 години, по поднесено обвинение на кумановското обвинителство и судска постапка, на осудениот му беше изречена од Апелациониот суд, а за сторено кривично дело – Тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осудениот го стори кривичното дело на 25 јуни 2016, кога со автомобил му нанесе тешки телесни повреди со смртна последица на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Одлучувајќи по поднесената жалба од обвинителството, Основниот суд Куманово донесе Решение со кое го преиначи решението на судијата за извршување на кривични санкции и осудениот го задолжи веднаш по приемот на одлуката да се јави во казнено-поправна установа за да започне со издржување на затворската казна.​

Almirobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен