Виновник за урнатиот потпорен ѕид на Водно сеуште не е пронајден

Од:

Извршената стручна експертиза не утврдила виновник за уривањето на потпорниот ѕид кај Водно.

Според Милан Пижула, градежен инспектор во општината Центар, во извештајот од стручната комисија биле споменати состојбата на земјиштето и водата на теренот, но не биле наведени ниту општината што го издаде одобрението за градба ниту „ЦДМ Комин“, објави „Нова Македонија“.

Горан Марковски, професор на Градежниот факултет вели дека кога се гради на планина каде што земјиштето може да е проблематично, потпорните ѕидови мора да бидат квалитетно изработени, но и редовно да се прегледуваат.

– Мора да се проверува дали има ерозија на земјиштето, дали има подземни води, дали со текот на години ѕидот се деформирал, или, пак, ако на истата локација се градат и други објекти, можеби ѕидот нема да биде доволно јак за да ги издржи сите. За овие објекти мора да има домаќинско работење, за да не настане хаварија – вели професорот Горан Марковски

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош