Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Од:

Поранешната шефица на Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција повеќе не е јавен обвинител.

Членовите на Советот на јавните обвинители едногласно ја разрешија поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Ова доаѓа откако претходно, дисциплинската комисија на Обвинителството одлучи да бара разрешување на Вилма Русковска од нејзината обвинителска функција. Претходно членовите на Советот на ЈО едногласно одлучија да се одбие жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, по што се премина на гласање по предлогот за нејзино разрешување.

Членовите едногласно го изгласаа предлогот и ја разрешија Русковска.

Против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска беше отворена дисциплинска постапка од страна на Јавното обвинителство поради претресот во просторите на Управата за финансиска полиција летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми. Станува збор за предлог од Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој смета дека бил прекршен законот при упадот и претресот во Финансиската полиција.

Русковска во периодот до одлука на советот беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наследи Ислам Абази.

Советот донесе и одлука за намалување на платата за 30 проценти во траење од шест месеци на јавната обвинителката Ивана Трајчева.

 

Би можело да ве интересира

Панчевски со документ од Основниот кривичен суд тврди дека ги исполнува условите за Државен јавен обвинител

Советот на јавните обвинители даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

А1он

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе се активираат многу предмети

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата