Викендов во Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди, две лица потешко повредени

Од:

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 20 со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди додека 29 со лесни телесни повреди, информираат од МВР.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 97 возачи го управувале возилото со по голема брзина од дозволената. 36 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа 16 бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол, додека 20 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради нерегистрирани возила од сообраќај се исклучени 23 возила. Во текот на изминатиот викенд исто така издадени се 195 мандатни платни налози, додека 143 возила се подигнати со „пајак”.

Во однос на пешаците, преземени се мерки против двајца пешачи кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. По седум возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло и исто толку не дале првенство на минување. Поради нeправилно престројување се санкционирани 10 возачи.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош