Викендов во Скопје се случиле 27 сообраќајки, едно лице почина, шест тешко повредени

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 27 сообраќајни незгоди од кои една со загинато лице, четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и 14 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице (пешак) починал, шестмина се здобиле со тешки телесни повреди додека 11 лица минале со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај ова, 62 возачи се исклучени од сообраќајот: 40 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, 12 возеле под дејство на алкохол и десетмина биле возачи почетници. Исто така, 35 возила се исклучени од сообраќај, и тоа 32 заради тоа што биле нерегистрирани а три поради техничка неисправност.

Десет возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, 20 возачи неправилно престигнувале и осуммина се санкционирани заради тоа што не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци кои го поминале коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови, исто така, издадени се 243 мандатни платни налози, додека 150 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски