Викендов во Скопје се случиле 25 сообраќајки, едно лице загина

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди. Во нив едно лице загинало, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 21 лице се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 116 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени вкупно 47 возачи од кои осум возачи бидејќи управувале под дејство на алкохол, 35 возачи бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица возачи почетници.

Од сообраќајот исто така биле исклучени вкупно 26 возила и тоа 25 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило. Во текот на изминатиот викенд издадени се 145 мандатни платни налози за непрописно паркирање, додека 141 возило е подигнато со “пајак”.

Исто така, 11 возачи се санкционирани заради минување на крстосница на црвено светло, двајца возачи – не дале првенство на минување на пешаци, поради неправилно престројување санкционирани се пет возачи и еден возач поради неправилно престигнување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето