Викендов во Скопје 32 сообраќајки со 28 повредени

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди од кои во две со потешки повреди се здобиле двајца пешаци, во 16 полесно се повредени 26 лица, а 14 поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 11 сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден еден пешак, во пет со полесни повреди се здобиле пет лица, а пет се со последица материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив во една потешко е повреден еден пешак, во 10 со полесни повреди се здобиле 20 лица, а три се само со материјална штета.

Вчера е извршен увид на седум сообраќајни незгоди, од кои во една со полесни повреди се здобило едно лице, а шест се со последица материјална штета.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 44 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 20 возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор и 15 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и шест возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем и 32 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 79 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Пијан млад човек помина на црвено во Белград: Усмрти татко, мајка и дете

Камион удри во банкина на клучката „Хиподром“, возачот заврши во болница

Излета камион кај клучката Хиподром, во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Најмалку еден загина, неколкумина се повредени во судар на автомобил и автобус во Србија

Горан Наумовски

Еден мртов, двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Кратово