Викендов во Скопје 31 сообраќајка, повредени 29 лица

Од:

Две лица се тешко повредени, а 27 се здобиле со полесни повреди во 31 евидентирана сообраќајна несреќа во изминатите три дена во Скопје. Во девет незгоди е причинета само материјална штета.

Како што информираат за МИА од СВР Скопје,   во петокот имало 12 сообраќајни незгоди, при што во шест со полесни повреди се здобиле девет лица, а а шест несреќи се со материјална штета. И во саботатата  е извршен увид на  12 сообраќајни незгоди. Од нив, во една незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатник, а со полесни повреди четири лица, а во пет незгоди со полесни повреди се здобиле шест лица. Шест незгоди се со материјална штета.  Вчера, пак, се регистрирани седум сообраќајни незгоди, од кои во три незгоди со полесни повреди се здобиле шест лица, а три се со причинета материјална штета. Во една од сообраќајките со тешки телесни повреди се здобил сопатник, а едно лице со полесни повреди.

Во изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четири се движеле со брзина поголема од дозволената, четири поминале на црвено светло на семафор, како и тројца кои не ги почитувале правилата за престигнување. Затекнати се и 29 возачи без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во тек на трите дена отстранети се 121 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот така и на моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени