Викендов во Скопје 27 сообраќајки, 13 лица се здобиле со повреди

Од:

Двајца возачи и сопатник се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 27 сообраќајки во текот на викендот во Скопје. Во 13 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во 12 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 18 возачи поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и 17 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 44 возачи, од кои 15 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување и шест возачи почетници, како и 25 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 210 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 125 возила.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ