Викендов топло, со најава за невреме попладне

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, соопшти Управата за ходрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Викендов претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво