Викендов се случиле 27 сообраќајки, во една загина пешак

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди, а во една од нив загина и пешак.

Во петок, на 26 јуни, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од нив седум се со последица материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

Во саботата, на 27 јуни, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од нив кај пет е утврдена материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници. Регистрирана е и една незгода со едно загинато лице која се случила во 19 часот и 10 минути на крстосницата од ул. „Џон Кенеди“ и ул. „Дижонска“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, родено 2004 година. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и им подлегнал на повредите на лице место.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мотоцикл и еден сопатник.

Во неделата, на 28 јуни, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на мопеди.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 52 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од нив 19 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 20  возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 13 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 92 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Сончоглед“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани